Мурињо со свој тип пред дуелот Манчестер – Барселона

Жозе Мурињо го предводеше Манчестер јунајтед во групната фаза од Лигата на шампионите сезонава, а потоа, во декември доби отказ. На негово место дојде Оле Гунар Солскјер, кој успеа да направи чудо и во осминафиналето го елиминираше Пари Сен Жермен, иако „светците“ беа како едни од главните фаворити дури и за титулата.

Сега, Манчестер има уште поголем предизвик. Играат против Барселона во четвртфиналето, а првиот меч е вечерва на „Олд Трафорд“. Мурињо како млад тренер беше дел од стручниот штаб на Барселона, така што добро ги познава двата клуба.

Мурињо вели дека Лионел Меси вечерва ќе ја покаже целата своја сила, што значи дека Барселона ја смета за фаворит.

„Сигурно дека Лионел Меси ќе сака да остави свој печат на стадион како што е „Олд Трафорд“. Треба да се верува во чудо, но овојпат не верувам дека тоа може да се случи“, рече Мурињо.

Португалецот неколку пати во изминативе 3-4 месеци коментираше дека не верува во Манчестер јунајтед, тим кој без него на клупата се врати во борба во трката за четвртото место во Премиер лигата, а ете вечерва ќе игра и во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

Меси и досега покажал дека игра одлично против англиските ривали, а неговиот досегашен учинок против противниците од Англија може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести