Меси е страв и трепет за Англичаните, нека му ја мисли Јунајтед

Барселона вечерва гостува на „Олд Трафорд“, каде што ќе го одигра првиот меч против Манчестер јунајтед во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Секако, најголемата закана за „црвените ѓаволи“ ќе биде Лионел Меси, тоа го покажува и статистиката која ја има Аргентинецот против „големата шестка“ од Англија.

Меси дури во 22 наврати ги тресел мрежите против најквалитетните екипи од Премиер лигата, а омилен противник од Островот му е Арсенал. Против „топчиите“ дури деветпати се радувал на погодок, додека шестпати го наоѓал патот до голот на Манчестер сити.

Следува Челзи со три гола, а „сините“ долго време беа „тврд орев“ за Аргентинецот. Во првите осум дуели ниту еднаш не успеал да постигне гол, сè до ланскиот осминафинален двомеч, во кој Меси два гола даде на „Камп ноу“ во победата од 3-0, додека го постигна погодокот во ремито од 1-1 на „Стемфорд бриџ“.

Ако се гледа важноста на погодоците, тогаш двата против Манчестер јунајтед му се најважни во кариерата. Ги постигна во финалињата во 2009 и 2011 година, а два гола има постигнато и против Тотенхем. Ливерпул е единствениот тим кој успеал да го спречи Меси да не се радува, во два дуели мега-ѕвездата на Барса немаше прилика да ја тресе мрежата на „црвените“.

Ова е неверојатен учино, бидејќи само двајца фудбалери имаат подобра статистика против „големата шестка“, а тоа се Серхио Кун Агуеро (43 гола) и Џејми Варди (30 гола). Тие имаат предност бидејќи играат во Премиер лигата и против „big six“ се соочуваат во неколку наврати по сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести