6001 Каират – Реал Мадрид (18.45 часот)
Кралскиот клуб од Мадрид како ранет лав замина на далечното патување во Казахстан, викендов претрпе дебакл против Атлетико и сега треба да го заборави тоа и да победи. Температурата нема да биде проблем, не е многу студено во Алмати, но Реал ќе биде со ослабена одбрана, повредени се Милитао, Ридигер, Карвахал, Александер-Арнолд и Менди. Каират во првото коло загуби од Спортинг со 1-4, но ова е историски меч за нив, првпат играат дома во ЛШ, и тоа против најтрофејниот клуб. Сепак, Реал нема право на грешка и покрај проблемите, има искуство да се справи со Каират.
Предлог тип: Т2 2-3 (2.18)
6008 Атлетико М. – Ајнтрахт (21.00 часот)
Ова е меч на кој мора да има голови. Ајнтрахт е лидер на табелата во ЛШ откако во првото коло го растури Галатасарај со 5-1. Атлетико загуби од Ливерпул со 2-3, а викендов двата тима победија во спектакуларни мечеви со 7+ голови. Можеби домашните се фаворити, но тоа не значи дека сигурно ќе победат, уште се во славеничко расположение и тоа може да биде опасно. Атлетико ретко губи дома, а Ајнтрахт ретко игра нерешено на гостински терен.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.02)
6005 Челзи – Бенфика (21.00)
Ова е специјален меч за Специјалниот Мурињо, иако нема да му биде првпат да гостува кај неговиот Челзи, кого го вивна во англискиот врв во ерата на Роман Абрамович. Во првото коло двата тима загубија, но тие порази се неспоредливи, бидејќи Челзи беше надигран од силниот Баерн и нема што многу да им се замери, а Бенфика дома водеше 2-0 и шокантно загуби од аутсајдерот Карабах. По тој пораз, Орлите од Лисабон го сменија тренерот и го донесоа Мурињо, кој првпат ќе ги води во ЛШ.
Предлог тип: 1Х & 13I13II (2.40)
6003 Галатасарај – Ливерпул (21.00 часот)
Фудбалски, Ливерпул е многу посилен и поголем клуб од турскиот првак и, секако, важи за фаворит на хартија, но во Истанбул ќе ги чека пеколна атмосфера. Галатасарај со Икарди и Осимен во нападот ќе проба на крилјата на навивачите да се претстави во позитивно светло. Ливерпул загуби на последното гостување кај Галатасарај во 2006 година, а во Турција доаѓа разнишан по поразот од Кристал палас во Премиер лигата викендов.
Предлог тип: ГГ & 3+ (1.71)
6006 Марсеј – Ајакс (21.00 часот)
Овие два поранешни европски прваци со порази тргнаа во новата сезона во ЛШ, но имаа тешки противници. Марсеј остави добар впечаток против Реал во Мадрид, а дома се доста поопасни, што покажаа и со триумфот над првакот ПСЖ. Последните два меѓусебни дуели на овие клубови во 2023 беа супер ефикасни со вкупно 13 гола. Ајакс викендов победи во холандската лига, но Марсеј не смее да ја испушти приликата да освои три бода.
Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.35)