Мурињо: Тоа е историски меч кој не треба никогаш повеќе да се повтори

Жозе Мурињо и Тотенхем сезонава не се дел од Лигата на шампионите, но затоа англискиот тим е одличен во Лигата на Европа и веќе си обезбеди место во нокаут-фазата. Иако не е дел од елитното натпреварување на УЕФА, Португалецот имаше свое видување за синоќешниот прекинат дуел меѓу Пари Сен Жермен и Башакшехир.

„Тоа беше многу тажна ситуација. Постојано треба да се бориме против секој облик на расизмот. Никогаш не смееме тоа да го прифатиме. Многу сум тажен затоа што не го сакаме тоа во фудбалот“, рече Мурињо, кој додаде дека прекинатиот меч на „Паркот на принцовите“ е историски.

„Лично го познавам главниот судија, но не и четвриот арбитер. Хатеган е многу добар човек и многу добар судија. Не е добро да се биде директен или индиректен учесник во мечот кој стана историски. Само четвртиот судија може да ги изрази своите чувства. Секако дека направил недопуслива грешка и само тој може да го отвори своето срце и да се извини, а потоа да ги прифати последиците. Веројатно и тој е добар судија, но ако направиме грешка, мора да ги прифатиме последиците. Тоа што е важно за мене е дека овој меч стана историски. Се одиграа едвај 15 минути и дуелот беше прекинат поради многу тажна причина. Се надевам дека во иднина нема да се случуваат вакви работи“, заврши Мурињо за синоќешниот инцидент кој може да го видите ТУКА.

Тотенхем утревечер во Лондон ќе го пречека Антверпен во меч на кој англискиот тим треба да победи за да го обезбеди првото место во групата.

 

- Оглас -

Најнови вести