Видео од инцидентот во Париз кое покажува зошто гостите се повлекоа од теренот

Четвртиот судија на дуелот ПСЖ – Башакшехир на расистичка основа го навреди помошник-тренерот на гостинскиот тим. Откако Пјер Вебо доби црвен картон на клупата на Башакшехир, бурно реагираа гостите, а четвртиот судија се обратил со зборовите „овој црнец“. Четвртиот судија не се обратил директно кон Вебо туку кон главниот судија, но нивната комуникација ја слушнале од клупата на Башакшехир и бурно реагираа.

ФИФА и УЕФА најжестоко се борат против расизмот во фудбалот, а од таборот на Башакшехир побараа четвртиот судија да биде отстранет. Откако тоа не беше направено, гостите се повлекоа и засега не се знае дали мечот во Париз ќе се доигра.

- Оглас -

Најнови вести