Рома продолжува со добри резултати во Серија А, откако победи на гостувањето кај Сампдорија со 1:0. Римската волчица одигра во препознатливиот стил на нивниот тренер Жозе Мурињо и со само еден гол стигнаа до трите бода.
Хенрик Мхитарјан погоди во 27 минута, а тоа беше и единствниот директен удар во рамките на противничкиот гол за Рома и тоа беше погодок.
Мурињо како и секогаш, постојано имаше реакции во текот на мечот, а во еден момент за малку можеше да заврши со „скршена“ глава. Португалскиот стратег скокна од клупата, но удри директно во кровот од плексигласот на гостинската клупа. За среќа, Мурињо не настрада.