29.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Мурињо во свој стил: Со вакви судии, бод против Наполи е како да сме се качиле на Монт Еверест

Жозе Мурињо на ироничен начин кажа дека се радувал на освоениот бод со Рома против Наполи, иако ремито 1:1 не им одговара и речиси сигурно ги исфрли од трката за настап во Лигата на шампионите.

Специјалниот имаше многу забелешки на судењето и како и секогаш, во негов стил има интересна изјава.

„Да, чудно, но јас се радував на освоениот бод иако ремито 1:1 не ни одговара. Со вакво судење нерешен резултат е како да сме се искачиле на Монт Еверест. Бевме подобри од Наполи, го засиливме темпото, но судиите не би дозволиле да победиме. Не смеам премногу да зборувам, но со судии како Ди Паоло и Ди Бело, ми беше срам да бидам крај аут-линијата“, изјави Португалецот.

Наполи водеше со пгодокот од пенал на Инсиње во 11-тата минута, досуден по прегледување на ситуацијата со ВАР-системот, а гостите се бунеа за прекршокот на голманот на домаќините во второто полувреме, кога имаше сомнителна ситуација, но не беше досуден пенал за Рома.

„Не ни беше досуден пенал за прекршок над Заноли. Требаше да биде исклучен Заноли и… Тука ќе престанам, бидејќи нема смисол да се коментира вакво судење на наша штета“, додаде Мурињо.

Ремито 1:1 во 150-тото јубилејно „Сончево дерби“ на Италија не им одговара ниту на Наполи, ниту на Рома.

Наполитанците сега се далеку од Скудетото бидејќи имаат четири бода помалку од лидерот Милан на пет кола до крајот на Серија А, а и Интер им „бега“ за два бода и има меч помалку на втората позиција.

Рома е на петтото место со пет бода помалку од Јувентус и е со мали шанси да биде во квартетот екипи што ќе ја претставуваат Италија во Лигата на шампионите идната сезона.

 

 

- Оглас -

Најнови вести