Наполи е рекордер со пенали во Топ-5 лигите, ама Скудетото е далеку по ремито во 150-тото „Сончево дерби“ на Италија

Елиф Елмас и соиграчите од Наполи останаа без победа во финишот на Сончевото дерби на Италија против Рома на „Диего Армандо Марадона“.

Домаќините беа блиску до триумф во јубилејното 150-то „Сончево дерби“ на Италија, водеа со голот на Лоренцо Инсиње од белата точка во 11-тата минута, но израмни Ел Шарави со погодок во 91-вата минута.

Ова е 52-ро реми меѓу Наполи и Рома и исход што не им одговара ниту на едните ниту на другите.

Наполи сега е далеку од Скудетото, а Рома може да остане без учество во Лигата на шампионите.

Лоренцо Инсиње го изведе и осмиот пенал сезонава и погоди во 11-тата минута, со што стана најчестиот пеналџија во Топ-5 лигите сезонава со 8 удари од белата точка.

И Наполи е рекордер сезонава во најсилните лиги во Европа со 9 досудени пенали за нив.

Елмас играше од 68-мата минута, кога како резерва влезе во игра на местото на Лозано. Наполи не успеа да ја зачува победата во јубилејното 150-то „Сончево дерби“ на Италија и билансот со Рома остана 46-52 во победи со 52 нерешени дуели.

Наполи по 33 одиграни натпревари, има 67 бода, четири помалку од лидерот Милан и два од Интер.

Јувентус е на четвртото место со 63 бода, а Рома е зад нив со 58 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести