20.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Мурињо збесна откако новото засилување не се појави на тренинг: „Ова е непочитување!“

Фенербахче успеа да ангажира големо засилување, откако беше постигнат договор со А-Наср, колумбискиот напаѓач, Џон Дуран, како позајмен да се пресели во Истанбул.

Жозе Мурињо денес означи старт на подготовките, но од Колумбиецот немаше ниту трага ниту глас. Дуран не се појави на првиот тренинг, а тоа го разлути Мурињо, што можеше да се забележи и од изјавата која ја даде за турските медиуми.

„Ова е непочитување. Тука постојат јасни правила и секој мора да се придржува до нив, во спротивно ќе се соочи со последиците. Ќе разговарам со него кога ќе се појави, ако воопшто се појави.“ – рече Мурињо.

Ал-Наср го купи Дуран за неверојатни 77 милиони евра од Астон вила, но Колумбиецот издржа само една полусезона на Блискиот Исток, па сега го чекаат и официјално да се појави во Истанбул.

- Оглас -

Најнови вести