19.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Мусијала „го помилува“ Донарума: Никој не е виновен за мојата повреда!

Фудбалерот на Баерн Минхен, Џамал ​​Мусијала, кој беше опериран откако претрпе фрактура на фибулата во четвртфиналниот натпревар на Светското клупско првенство против ПСЖ, објави порака до навивачите и ги замоли да не обвинуваат никого за неговата повреда.

Многумина го обвинија голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, за повредата на Мусијала, бидејќи голманот тргна по топката во својот 16, а ногата на Мусијала заврши заробена од телото на голманот и се извитка неприродно, по што ногата се скрши.

„Здраво на сите! Сакам да ви се заблагодарам на сите за поддршката што ја добив, многу ми значи. Прекрасно е да се види како фудбалскиот свет може да се обедини во вакви времиња, навистина го ценам тоа. Операцијата беше успешна, за мене се грижат многу добро. И сакам да кажам дека никој не е виновен за тоа што се случи, вакви ситуации се случуваат. Ќе го искористам овој период за повторно да ја откријам мојата сила и позитивна енергија“, рече Мусијала на кого му претстои пауза од 4-5 месеци.

Донарума кој има грижа на совест, го посети ​​Мусијала во болницата и уште еднаш лично сакаше да му се извини и да му посака брзо закрепнување.

- Оглас -

Најнови вести