12.8 C
Skopje
понеделник, 3 ноември 2025

Мусијала ќе биде подготвен за камбек во декември

Ѕвездата на Баерн Минхен, Џамал Мусијала, можеби ќе се врати на теренот пред крајот на календарската година, објави „Скај Германија“. Тој е надвор од игра од јули, кога заработи скршеница на ногата за време на Светското клупско првенство во САД.

Мусијала веќе почна со тренинзите на трева, а сите во клубот очекуваат негово брзо враќање на теренот.

„Веруваме дека може да се врати во првиот тим во текот на декември. Очекуваме да запише неколку минути во последните натпревари од годината и да биде 100% подготвен во јануари“, изјави Макс Еберл за „Скај Германија“.

- Оглас -

Најнови вести