30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Мусијала успешно опериран по скршеницата на ногата

Ѕвездата на Баерн Минхен, Џамал Мусијала, успешно ја мина хируршката интервенција по враќањето од Светското клупско првенство во САД, соопшти баварскиот клуб.

Како што е познато, 22-годишниот офанзивен играч за врска на германскиот првак заработи сериозна повреда за време на четвртфиналниот дуел против Пари Сен Жермен (0-2), по што беше дијагностицирана фрактура на фибулата.
Поради повредата, беше принуден да го напушти теренот на носилки на полувремето.

Мусијала ќе ги започне првите сесии за рехабилитација веднаш, а очекувањата се дека ќе биде повторно на располагање на Баерн дури по неколку месеци, во зависност од темпото на закрепнување.

- Оглас -

Најнови вести