Муслера лажел дека е повреден и ги воодушеви навивачите во Турција

Аргентина и Уругвај во понеделникот одиграа пријателски меч во Израел, кој заврши без победник, 2:2. На овој меч, поради повреда, го немаше првиот чувар на мрежата на Уругвај, Фернардо Муслера. Иако официјалната верзија е дека Муслера се жалел на болки на лигаментите на коленото, турските медиуми пишуваат дека голманот ја лажирал повредата.

Муслера едноставно не сакал да замине да игра во Израел поради тоа што долго време игра во Турција и не сакал да ги разочара тамошните фанови. Муслера дојде во Галатасарај во 2011 година и досега има над 300 меча за турскиот гигант.

Дали Муслера навистина бил повреден или симулирал, ќе видиме уште утре, кога Галатасарај игра против Башакшехир во меч од домашното првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести