Атмосферата во македонската репрезентација е славеничка и пред утрешниот дуел со Исланд. Висар Муслиу денеска го слави 27-от роденден. Стандардниот дефанзивец во македонската репрезентација доби убаво изненадување во хотелот.
Со звуците на „Happy Birthday“, сите во македонскиот табор му посакаа среќен роденден на Висар, кој задоволно само прокоментира дека вистинското славје сака да биде утре по дуелот со Исланд.