Шкодран Мустафи, дефанзивецот на Арсенал, по вчерашното реми против Лестер од 1-1 објави фотографија на „Инстаграм“ од неговите лузни кои ги доби по незгоден дуел со Џејми Варди. Германскиот стопер има две рани на десната страна од лицето, па испрати порака дека повредата не е толку болна колку што неговиот тим не успеа да обезбеди победа.
Напаѓачот на Лестер, кој е прв стрелец во Премиер лигата, може да биде среќен што помина без тешка казна по ужасниот удар со копачката директно во лицето на Мустафи.