МВР оформила предмет за инцидентот во Охрид и удирањето на Талески од страна на полицаец!

Министерството за внатрешни работи денеска објави соопштение во кое наведува дека иако случајот не е пријавен ниту од делегатите на натпреварот, Ракометната федерација ниту пак од самиот ракометар Филип Талески, Одделот за Внатрешна контрола ќе отвори предмет за инцидентот и постапките на полицаецот.

„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот“, се вели во соопштението од Полицијата.

- Оглас -

Најнови вести