Готје Мвумби, кој стана голема ѕвезда на светскиот ракомет благодарение на својот изглед, на Мундијалот во Египет покажа дека и со 137 килограми може да се игра добро во напад и од целосен анонимус стана, многу популарен, дури и славниот кошаркар Шекил О‘Нил му испрати поздрав.
Против Аргентина, Мвумби даде 4 гола од четири шута за 11 минути и веднаш луѓето почнаа да бараат колку килограми има, во кој клуб игра. Се дозна дека настапува во четвртата француска лига, дека има 26 години, но околу килажата имаше различни информации. Против Катар беше прогласен за најкорисен играч, иако имаше други поефикасни ракометари од него.
Популарноста на Мвумби ја користат од ИХФ, па освен тоа што му дадоа награда за МВП, објавија и видео од загревањето пред натпреварите. Тој им ја додава топката на соиграчите, а тие треба да шутнат на гол преку него. Тоа не оди толку лесно, иако делува незаинтересирано, Мвумби во секој дуел влегува силно.
Погледнете како изгледа загревањето на Конгоанците во кое Мвумби глуми противнички дефанзивец:
https://www.youtube.com/watch?v=2P0PFkWnOkw