МЗТ доминантно против лидерот, Гостивар се вмеша во битка за плејофот

МЗТ Скопје Аеродром дури во третиот лигашки меѓусебен дуел сезонава за првпат успеа да го победи Пелистер. Вечерва во „Јане Сандански“, актуелниот првак беше подобар од битолчани со 95-76 и сега двата тима се израмнети на делба на првата позиција.

Немаше никаква неизвесност, МЗТ доминираше уште од првата четвртина, Штрковите имаа повеќе расположени поединци, домашните ја зголемуваа разликата, а во финишот гостите само избегнаа дебакл. Во првото полувреме имаше и инцидент, кога една група се обиде физички да се пресмета со гостинските фанови, по што ја напуштија салата.

Гостивар го победи ТФТ со 92-85 и сега овие два тима имаат еднаков број бодови и се наоѓаат на четвртото и петтото место, а имаат бод плус во однос на Феникс 2010.

- Оглас -

Најнови вести