Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва гостуваат кај Златибор во меч од петтото коло на јадранската АБА-2 лига. Двете екипи во досегашниот тек од лигата имаат ист ефект, по три победи и еден пораз и се на делба од третото до седмото место.
Она што е интересно за меѓусебните дуели на овие две екипи е фактот дека последните два меча завршуваа нерешено, а Златибор победуваше во продолжението. Така беше на единствениот меч од минатата сезона, но и во финалето од АБА-2 лигата во 2022 година.
Доколку верувате дека може и третпат по ред да одиграат реми, тогаш би добиле фантастична квота во Sport Life од 15.3, во спротивно, фаворит е Златибор со квота од 1.56, додека победата на МЗТ Скопје има квота од 2.50.
МЗТ Скопје има само една победа на четирите меча против Златибор, и тоа во 2021 година, кога славеше со убедливи 90-71 и тоа е најубедливата победа во нивните меѓусебни дуели. Златибор двапати победи на продолжение, додека третата победа над МЗТ Скопје беше со минимални 88-84.


