МЗТ Скопје Аеродром е прв учесник во полуфиналето на 30-тото издание на завршниот турнир „Благоја Георгиевски-Буштур“ во Купот на Македонија во кошарка кој денеска стартуваше во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.
Металците беа подобри од Кожув со 80-68, а утре во полуфиналето го чекаат подобриот од средбата ТФТ- Работнички, која се игра вечерва од 19.30 часот.
Дамјан Стојановски и Вер беа најефикасни кај МЗТ со по 19 поени, Миќовиќ уфрли 16, а кај гевгеличани се истакна Гордон со 27 поени.
Сега следуваат пресметките Гостивар – Феникс 2010 (14.30 часот) и Пелистер – Еуро Никел 2005 (17 часот), а вечер е скопската пресметка Работнички – ТФТ.