МЗТ Скопје Аеродром славеше гостинска победа од 85-82 против босанскиот претставник Студент (втор тим на Игокеа) во дуел од АБА 2 лигата.
Ова беше луд меч во кој Штрковите водеа речиси цело време, но во финишот домашните направија пресврт, погодуваа луди тројки кои им помогнаа да изедначат на 82-82. Последниот напад беше за македонскиот првак, МЗТ имаше само пет секунди, а Војдан Стојановски со звукот на сирената погоди тешка тројка за голема радост.
Војдан средбата ја заврши со 20 поени и беше втор стрелец кај МЗТ зад Меккејден кој имаше 26.

Фото: ABA2/Student m:tel/Marija Vuruna

