МЗТ Скопје со значајна победа над Блокотехна при конечни 97:90 го стартуваше вториот дел од сезоната во Првата лига на Македонија. Избраниците на Ѓорѓи Кочов му возвратија на гевгелискиот тим за поразот кој го претрпеа од нив на стартот од оваа сезона, кој Блокотехна го доби со 81:78.
Гостите подобро ја започнаа средбата во СЦ „Јане Сандански“, освојувајќи го воведниот период со 24:18. Со исто темпо продолжија и во четвртината пред паузата, но кошаркарите на МЗТ се изборија за негативата да биде само два поени пред стартот на второто полувреме.
Со обновени сили и планови, домаќините одлично го отворија третиот период, а серијата од 11-0 им ја донесе највисоката предност до тогаш од +13. Иако блокотехна се обидуваше да се врати во игра, во решавачките моменти МЗТ ја задржа предноста која до последната минута беше двоцифрена.
Најефикасен во таборот на „штрковите“ беше Магдевски со 18 поени,со 17 поени, Бојиќ заврши со еден поен помалку, Вудард додаде 14, додека по 13 поени имаа Стојановски, Иванов и Симоновски. Кај поразените најрасположени беа Николиќ и Мијатовиќ со по 18 поени, со тоа што искусниот крилен центар заврши со двоен учинок остварувајќи и 12 скока.
МЗТ сега има девет победи и два порази во шампионатот, исто колку и Блокотехна, што значи дека се на делба на втората позиција по 11 одиграни натпревари во регуларниот дел.