МЗТ разбиен во Чачак, но барем потегот на мечот беше на Македонец (Видео)

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром претрпеа убедлив пораз од Борац Чачак со 95:73 во дуел од втората АБА-лига и драстично си ги намалија шансите да го освојат првото место, кое носи домашна предност во финалето на плејофот за влез во јадранската елита. МЗТ беше надигран во првата четвртина и потоа постојано се обидуваше да ја стопи негативата, но не успеа. Пресуди третата четвртина по која српскиот тим отиде на голема разлика од плус 25 поени.

Сега МЗТ има две победи помалку од лидерот Борац, а и послаб е од чачаните во меѓусебните дуели. Позитивно е што загуби и третопласираниот Широки, па македонскиот првак сè уште има две победи предност во однос на оние што го бркаат и сакаат да му ја загрозат втората позиција.

МЗТ имаше 21 загубена топка. Милошевиќ со 15, Хиндс со 13 и Морнар со 11 поени беа двоцифрени поединци во поразениот тим. Капитенот Стојановски остана на два поени за 22 минути игра и ова е негова најнеефикасна игра сезонава.

Ако е за утеха, најатрактивниот потег на мечот беше забивање во изведба на Андреј Маслинко. Погледнете:

- Оглас -

Најнови вести