МЗТ Скопје Аеродром го демолираше Гостивар, ТФТ славеше и е во Топ 4

МЗТ Скопје Аеродром без никакви проблеми со 78:55 го победи Гостивар во меч од Суперлигата, по што тимот од „Јане Сандански“ остана во трка за првото место на табелата, додека гостите паднаа на петото место и сега не се во посакуваната Топ 4 позиција.

Актуелниот првак уште во првата четвртина стигна до двоцифрена предност од 22:12, а во втората четвртина разликата беше зголемена на 14 поени (38:24). Дека има разлика во квалитет се покажа и во второто полувреме кога домаќините константно ја зголемуваа предноста, која во еден момент беше и 27 разлика (66:39).

Во вториот меч од Суперлигата, ТФТ Скопје го победи Феникс 2010 со 85:74 и со овој триумф актуелниот освојувач на Купот на Македонија се искачи на четвртото место на табелата, кое е последно што носи место во плејофот за разигрување за титулата.

Табела по 26 кола: Пелистер 49 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 48, Еуро Никел 42, ТФТ Скопје 41, Гостивар 40, Феникс 38 бодови.

- Оглас -

Најнови вести