3.8 C
Skopje
среда, 28 јануари 2026

МЗТ Скопје Аеродром победи и останува во битка за четвртфиналето во АБА 2

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром со 67:54 славеше над Подгорица во салата „Јане Сандански“. Ова беше меч во рамките од седмото коло на регионалната АБА 2 лига, а за македонскиот преставник ова беше четврта победа, со што ги задржа шансите да биде во Топ 8, кое обезбедува четвртфинале.

МЗТ одлично го отвори мечот и поведе со 13:5, а гостите се обидуваа да држат ритам до средината на втората четвртина, кога беа во минус од само два поена (20:18). Со серија од 14:2 во финишот на втората четвртина, МЗТ стигна до солидни 34:20 на полувреме.

Во третата четвртина МЗТ продолжи со добриот ритам и стигна до 22 поени предност (52:30). Откако влегоа со 20+ предност во последните 10 минути, аеродромци се опуштија.

Гостите од Подгорица тоа го искористија, па во еден момент намалија само на осум поени (61:53). За среќа, немаше уште многу до крајот, па победата на македонскиот првак не беше загозена. За Подгорица ова е шести пораз во седум кола и е на 15-тото место на табелата од вкупно 16 екипи.

- Оглас -

Најнови вести