МЗТ Скопје е фаворит против непоразениот Хелиос, Работнички има одлична шанса за прва победа (Фото)

Најтрофејните македонски кошаркарски екипи, МЗТ Скопје и Работнички, вечерва во Скопје играат натпревари од Јадранската АБА-2 лига. Актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје, е фаворит во дуелот против Хелиос Домжале, екипа која има две победи на два натпревари во досегашниот дел од сезоната во јадранската второлигашка конкуренција.

МЗТ Скопје после поразот од Цедевита јуниор ќе мора да атакува на победата, во спротивно ќе си ги намали шанси за поминување на групата. Квотите во Sport Life велат дека „аеродромци“ се фаворити со 1.54, додека победата на гостите во „Јане Сандански“ има квота од 2.60.

Работнички ги загуби двата натпревари во АБА-2 лигата, па мечот против Босна од Сараево е шанса да се вратат во игра за првите две места на табелата. Противникот на екипата од „Градски парк“ има една победа и еден пораз, па со победа, Работнички би се израмнил со нив на табелата. Сепак, гостите од Босна и Херцеговина се фаворити според квотите во Sport Life со 1.27, додека победата на Работнички ќе биде вистинско изненадување со квота од 3.90.

- Оглас -

Најнови вести