Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, МЗТ Скопје, успеа да дојде до убедлива победа на гостувањето кај вечниот ривал, Работнички, со 72-90. За екипата од скопски Аеродром ова беше 77-ма победа над вечниот ривал во 169-тото дерби. Сепак, Работнички останува далеку поуспешен, со 92 победи.
Првата четвртина мина во наизменично водство на двете екипи, но МЗТ Скопје на првата мини пауза замина со предност од 21-25. Во вториот период, гостите брзо се одлепија и на +11, а во финишот дојдоа и до највисоки во првото полувреме од +16. На полувремето резултатот гласеше 37-51 за МЗТ Скопје.
Третата четвртина повторно им припадна на кошаркарите на актуелниот шампион, овој пат со четири поени разлика, па во последниот период се влезе во резултат 56-74.
Последната четвртина беше најнеефикасна, но и единствената кој не заврши во корист на МЗТ Скопје, 16:16.
Меккејден од победничкиот состав со 22 поени беше најефикасен на мечот, додека Алстон од Работнички уфрли 20 поени.
За МЗТ Скопје ова беше шестта победа по ред над вечниот ривал, додека Работнички поселеден пат на домашен терен славеше над екипата од Аеродром во 2020 година.

