МЗТ Скопје е победник на Купот: Најтрофејниот клуб во Македонија додаде уште еден трофеј во своите витрини

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, МЗТ Скопје, дојде до 13-тиот трофеј во своето 18-то финале во Купот на Македонија. „Аеродромци“ со три убедливи победи дојдоа до трофејот на завршниот турнир во Гевгелија, а во финалето славеа над домашниот Кожув со 61-86.

МЗТ Скопје доминираше во текот на целиот натпревар, првиот период го доби со осум поени разлика, додека на полувремето водеше со 42-27 и го најави освојувањето на трофејот. Во третиот период Кожув се обиде да се врати, но немаше сили да му се спротивстави на поквалитетниот противник. Токму третиот период беше и единствениот кој заврши во корист на домашните кошаркари.

Актуелниот шампион на Македонија и пред мечот беше фаворит за трофејот, а тоа го покажа и со 31-вата победа на последните 32 натпревари против Кожув. Ако е некаква утеха за домашните, најефикасен на паркетот беше кошаркарот на Кожув, Стевановиќ со 20 поени, додека во редовите на МЗТ Скопје најпрецизен беше Маслинко со 17 поени, а Крстевски уфрли еден поен помалку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести