13.8 C
Skopje
петок, 13 февруари 2026

МЗТ Скопје го декласира Работнички и се пласира во полуфиналето на Купотp

МЗТ Скопје Аеродром е вториот полуфиналист во Купот на Македонија откако во дуелот што некогаш беше неизвесно дерби го декласира Работнички со 100-69. Не е тоа највисока победа во историјата на „вечното дерби“, но сепак е една од најубедливите.

МЗТ Скопје во полуфиналето ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Кожуф и Маџари, а првиот полуфиналист е тимот на ТФТ, кој славеше против Феникс со 98-71.

Работнички држеше некаква неизвесност повеќе од две четвртини, но МЗТ Скопје додаде гас, посебно во последниот период, кој го доби со 29-9 и на крајот обезбеди убедлив триумф.

Во победничката екипа, Смит Мексвејн реализира 17поени, Мек Кејден застана на ефект од 14 поени, дополнети со шест скока и три асистенции. Крстевски постигна 11, а Петков 10 поени за МЗТ Скопје.

Ефремовски и Рикиќ искомбинираа најголем дел од поените за Работнички, вкупно 44.

- Оглас -

Најнови вести