МЗТ Скопје го „растури“ Пелистер и се чекираше во финалето од Купот на Македонија

Кошаркарите на МЗТ Скопје се првите финалисти на Купот на Македонија, откако во полуфиналето убедливо славеа над битолски Пелистер со 103-88. Актуелниот бранител на трофејот доминираше во текот на целиот натпревар и ја загуби само последната четвртина.

Пелистер одлично отвори, но МЗТ Скопје брзо го пронајде посакуваниот ритам и ја доби првата четвртина со убедливи 28-19. Финалистот беше познат уште на полувремето, кога „аеродромци“ имаа водство од 60-40. Во второто полувреме МЗТ Скопје ги чуваше силите за утрешното финале, па третиот период го доби со само два поени разлика, а последниот им припадна на битолчани со 28-21.

МЗТ Скопје утре во финалето ќе игра против Кожув или Гостивар за својот 13-титрофеј од Купот на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести