МЗТ Скопје ќе се сретне со Работнички во четвртфиналето на завршниот турнир од Купот на Македонија во Гевгелија, а од тимот од „Јане Сандански“ истакнуваат и дека на денешната прес-конференција имало размислувања од сите актери, но имало и такви што може да се сфатат како провокативни и измислени.
Тоа, пред сѐ, се однесува на тврдењето на еден од тренерите на учесниците, кој наводно го „посакувал МЗТ во финалето“, поради наводен „приватен облог“ со директорот на МЗТ Скопје. Оттаму велат дека не само што не е точно, туку е и ноторна лага.
„Од страв се измислуваат работи и се кажуваат невистини за некакви си меѓусебни облози, од кои не само што сме изненадени туку сме и шокирани. Јас не сум човек што не се наоѓа во такви дејствија и навистина сум изненаден од потребата да бидам вмешан во една ваква приказна. На сето ова гледам како невкусна шега и провокација, кажани без да се размисли не само на мојата репутација, туку и на дигнитетот на функцијата што ја имам, со оглед на тоа што МЗТ е доминантен предводник на макбаскетот, кој треба да биде пример на секое поле. Нашите размислувања се само на теренот, од натпревар во натпревар, со цел сите да го дадеме својот максимум за да дојдеме до посакуваната цел, а тоа е 13-ти пехар во Купот за огромна радост на цел Аеродром“, вели извршниот директор на МЗТ, Филип Ѓоревски.