МЗТ Скопје рутински го совлада Феникс на гости

МЗТ Скопје продолжува со победничкиот ритам во Суперлигата, откако го совлада Феникс 2010 на гостински терен со 73-85 во 13-тото коло.

Избраниците на Васко Атанасов на паузата имаа скромна предност од 40-46, но силното второ полувреме ја реши судбината на мечот. Феникс го доби третиот период со минимална разлика, но во завршните десет минути МЗТ ја покажа својата класа и се одлепи на +10, обезбедувајќи убедлив триумф.

Најефикасен беше Мек Смит-Мекевен со 20 поени, а Душан Танасковиќ и Марин Петков додадоа по 16 и 14 поени. Кај домаќините, најмногу се истакна Дашон Дајсон со 18 поени.

ТФТ ја продолжи победничката серија со тесен триумф во градската пресметка против Работнички, совладувајќи го ривалот со 84-88 во салата „Независна Македонија“.

Дуелот беше крајно израмнет и понуди неверојатна тензија до самиот финиш. ТФТ доминираше во вториот квартал, додека Работнички возврати по полувремето. На паузата, гостите од Тафталиџе имаа предност од 49-42, но Работнички во третиот квартал направи пресврт и поведе со 65-56. Сепак, тимот на Смилковски одговори со серија од 10-0, израмнувајќи го резултатот и подготвувајќи возбудливо финале.

Во последниот период резултатот постојано се менуваше, а клучниот момент дојде со тројката на Говенс нешто повеќе од минута пред крајот. Таа донесе предност од 84-88 за ТФТ, која се покажа како конечна и им донесе нови бодови на гостите.

- Оглас -

Најнови вести