МЗТ Скопје убедливо до ново финале во Купот на Македонија

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром обезбедија пласман во финалето на Купот на Македонија, откако во полуфиналната пресметка лесно го добија Кожуф со 76-58.

Клучна беше втората четвртина која МЗТ Скопје ја доби убедливо, со 26-10, а ривалот од Гевгелија немаше сили да возврати во продолжение од дуелот.

Кожуф симболично го доби последниот период со 17-16, но разликата беше убедливо на страната на МЗТ Скопје, кој во финалето ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу ТФТ и Куманово.

Најефикасен кај МЗТ беше Смит Мексвејн со 12 поени, додека Магдевски и Дамјан Стојановски запишаа по 10 поени. На спротивната страна, Кузманов запиша 15 поени и 10 скокови.

- Оглас -

Најнови вести