МЗТ во АБА може да влезе во голем стил, со освојување на својот прв меѓународен трофеј

Фени Индустри (денешен Еуро Никел) од Кавадарци во 2011, и гевгелиска Блокотехна во 2019 година ја освојуваа Балканската лига БИБЛ и засега се двата македонски клуба кои имаат трофеи од регионални меѓународни натпреварувања, а на листата вечерва може да им се придружи и МЗТ Скопје Аеродром.

Металците на свој терен од 19 часот играат против Златибор Чајетина, српски тим од кој загубија со 84-88 во регуларниот дел од сезоната во АБА 2 лигата.

Што и да се случи во финалето, МЗТ има место во главната АБА лига, но не е сеедно како ќе се влезе во екс-ју елитата. МЗТ може за првпат во својата клупска историја да освои шампионски пехар од меѓународно натпреварување, и во голем стил да ја заврши сезоната во ова натпреварување, враќајќи ја македонската клупска кошарка во друштво на гигантите Црвена ѕвезда, Партизан, Будуќност, Цибона, Цедевита Олимпија, кои во следната сезона повторно ќе ни гостуваат во Скопје.

Златибор е незгоден тим во кој главни играчи се бековите Протиќ и Кутлешиќ. Протиќ има играно во МЗТ и освои титула во македонското првенство, а и Кутлешиќ е добро познат од битките на Штрковите со Металац Ваљево и ФМП во АБА лигата.

Според квотите во Sport Life, МЗТ е благ фаворит против Златибор.

 

- Оглас -

Најнови вести