МЗТ во моментов е пресилен за Работнички

МЗТ Скопје Аеродром и организаторот ТФТ ќе играат во утрешното финале на првиот меморијален турнир „Андреј Грковски-Тафта“, во чест на прерано починатиот навивач на клубот од Тафталиџе.

Финалето на турнирот во салата СРЦ Кале се игра од 19 часот, а во 16 е дуелот за трето место.

Во првото полуфинале, ТФТ го совлада Кожув со 78-72, додека МЗТ беше подобар од вечниот ривал Работнички со 67-52. Металците првата четвртина ја добија со 22-6 и си го отворија патот до победата.

Овој турнир одлично им дојде на екипите во подготвителниот период, за да видат каде им се добрите и слабите страни во моментов, и за воигрување на новите играчи.

- Оглас -

Најнови вести