На 12 години го избркаа од Арсенал како неталентиран, сега е гаранција за гол против Топчиите (Фото)

Хари Кејн синоќа го постигна својот шести гол на „Емирејтс“ стадионот во Лондон и стана најефикасниот фудбалер на тој терен, а да не е член на Арсенал.

После секој гол на Кејн против Арсенал, се објавуваат фотографии од неговото минато како дете на овој клуб.

Кејн во минатото беше во академијата на Арсенал, но кога имал 12 години, тренерот Рој Мејси проценил дека не е доволно талентиран за да стане професионален фудбалер и го избркал.

Сега, 20-тина години подоцна после погрешната проценка на Мејси, Кејн кој во моментов е играч на Баерн Минхен, е „крвник број 1“ на Топчиите. Има дадено дури 15 голови против нив, од тие осум од пенал.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести