7.8 C
Skopje
петок, 13 февруари 2026

На -3 се од врвот: Еден гол беше доволен за победа на Рома (Видео)

Фудбалерите на Рома забележаа минимална, но значајна победа од 1-0 над Комо на „Олимпико“ во Рим и дојдоа само на три бода заостанување зад Интер, кој е лидер во Серија А.

Единствениот гол на мечот беше дело на бразилскиот интернационалец Весли Франка во 61-вата минута.

Комо не успеа да издржи во Рим и да им се врати на победите откако во претходното коло убедливо загуби од Интер со 4-0. Рома сега се искачи на четвртата позиција со 30 поени, три помалку од лидерот Интер, додека Комо е на седмото место со 24 поени.

- Оглас -

Најнови вести