На Афкон во финалето често играат тимови кои биле во иста група

Финалето на Африканскиот куп на нациите, закажано за в петок во Каиро, ќе биде битка на Алжир и Сенегал, две селекции кои беа заедно и во групната фаза од првенството на Црниот Континент“. На 27 јуни, Алжир славеше со 1-0, и тоа е единствениот пораз на Сенегалците на годинешниот Афкон.

Сега Сенегал ќе има шанса да им се реваншира на Алжирците, но нема да биде лесно бидејќи Алжир е тим кој не знае за пораз уште од октомври.

Инаку, од 1982 година наваму ова е дури седми пат во финале на африканското првенство да се сретнат селекции кои биле во иста група. Тоа се случуваше и во 1982, 1988, 1990, 2006, 2008 и 2013 година.

Алжир досега има играно две финалиња, во 1990 година, кога ја освои титулата со победа над Нигерија во финалето, и во 1980, кога загуби од Нигерија. Сенегал е без титула, единственото финале во 2002 го загуби од Камерун.

- Оглас -

Најнови вести