Еден од најголемите фудбалери на сите времиња, според многумина и најдобриот, Диаго Армандо Марадона, во 1986 година со Аргентина стигна до трофејот од Светското првенство, а истата година ја освои и Златната топка. Многу години се сметаше дека таа е загубена, а постојат и теории дека славниот Аргентинец ја „искоцкал“ на партија покер или ја продал за да исплати коцкарски долгови. Третата теорија е дека таа е украдена од банката во Неапол, каде што Марадона ја депонирал на чување.
По многу години таа чудесно се појави и сега ќе се продава на акција во Париз, но од неговото семејство реагираат дека Златната топка е украдена и дека таа му припаѓа на семејството. Тие веќе ангажирале адвокат и бараат Златната топка да им биде вратена.
Диего Армандо Марадона почина во 2020 година на 60-годишна возраст.