На Балотели му се заканува суспензија до крајот на сезоната

Како тргна кариерата на Марио Балотели во Марсеј, на повидок беше негово преродување, но успеа да направи нова глупост. Имено, во мечот кој се играше минатиот викенд меѓу Бордо и Марсеј, Балотели при еден судир со Пабло (играч на Бордо), му го скрши носот на противникот.

Таа ситуација не ја виде судијата, но „жирондинците“ побараа од дисциплинската комисија во Франција да отворат случај против Италијанецот. Доколку се докаже дека Балотели намерно го удрил, тогаш може да добие суспензија до крајот на сезоната, односно да не игра во последните седум кола од францускиот шампионат.

Пабло подоцна успеа да му се реваншира на Балотели, но неговиот старт главниот арбитер го казни со исклучување и му покажа црвен картон во 82-рата минута. Инаку, Бордо тој меч го доби со 2-0.

https://www.youtube.com/watch?v=JQzd-BOVVlk

- Оглас -

Најнови вести