На Барселона не ѝ е досуден чист пенал, Чави гневен на словенечкиот судија (ВИДЕО)

Барселона вчера во третото коло го доживеа вториот пораз во Лигата на шампионите, овој пат од Интер со 1:0, а вината за неуспехот, во каталонскиот тим ја видоа кај судијата Славко Винчиќ кој ги оштети за чист пенал.

Шпанските медиуми како и тренерот на Барселона сметаат дека словенечкиот судија погреши што не досуди на белата точка по играњето со рака на Дамфрис во сопствениот шеснаесетник.

Винчиќ беше повикан од ВАР собата да го погледне спорниот момент, но и покрај тоа, остана на својата одлука дека потегот на Дамфрис не е за пенал, иако на снимките добро се гледа дека дефанзивецот на Интер играше со рака и со тоа му ја „симна“ топката од глава на Фати. Претходно Винчиќ за сличен потег поништи гол на Барселона.

Судиските одлуки го налутија тренерот на Барселона, Чави Ернандез, кој не бираше зборови по натпреварот.

„Лут сум поради ситуацијата во која требаше да се вратиме во живот и да израмниме. Тоа е неправда. Веќе кажав претходно дека судиите треба да ги објаснат одлуките. Ние ништо не разбираме и судијата ќе треба да зборува. Јас не треба да зборувам за одлука што не сум ја донел. За мене тоа беше чисто играње со рака. Затоа сметам дека е неправедно. Бевме подобри, но тоа не беше доволно“, рече Чави.

- Оглас -

Најнови вести