Барселона стигна до петата победа по ред, откако лесно со 3:0 славеше на гости кај Еибар со 3:0. Еибар е тим кој му лежи на каталонскиот гигант, па ова беше 10 победа во 11 меч за Барселона во меѓусебните дуели.
Овој дуел ќе биде запамтен по тоа што за прв пат сезонава проработе триото Лионел Меси, Луис Суарес и Антоан Гризман. Сите тројца напаѓачи се запишаа во листата на стрелци, а гол шоуто го отвори Гризман со погодок во 13 минута. Во вториот дел Гризман асистираше за погодок на Меси, а на крајот Аргентинецот додаде до Суарес за да се комплетира триото со погодоци.
Со оваа победа Барселона се искачи на чело на табелата со 19 бодови, но Реал Мадрид вечерва ќе има шанса да се врати на чело во Примера. Кралскиот клуб кој сега има еден бод зад Барселона, ќе гостува кај Мајорка.