На Бензема не му е важно да биде прв стрелец во Саудиска Арабија, ја сака титулата (Видео)

Карим Бензема предизвика бурни реакции на социјалните мрежи со својот лаконски одговор на прашањето во врска со трката со Кристијано Роналдо за најдобар стрелец во фудбалската лига на Саудиска Арабија.

Ал-Итихад, за којшто игра Бензема, со 68 бода од 29 меча е прв на табелата со 6 бода пред актуелниот првак Ал-Хилал, додека Ал-Наср на Роналдо е трет со 60.

Ал-Итихад се приближува до титулата, а во борбата за прв стрелец води Кристијано Роналдо со 23 гола, а потоа следуваат Иван Тони (Ал-Ахли) и Абдеразак Хамдалах (Ал-Шабаб) со по 19 гола, додека Бензема е четврти во поредокот со 18 гола. Роналдо и Бензема ќе имаат меѓусебен дуел на 7 мај.

На прашањето дали може да ја освои наградата најдобар стрелец, бидејќи Роналдо има повеќе голови од него, Бензема одговори: „Не ми е гајле за тоа пријателе. Најважен е трофејот“.

- Оглас -

Најнови вести