На бизарен начин ја има загубено титулата со Ливерпул, сега не е во клубот, но може да донесе шампионска радост на „Енфилд роуд“

Ливерпул речиси 30 години чека да се израдува на титулата во англиското првенство, а сезонава до последнен момент нема да се знае дали тој или Манчестер сити ќе бидат на тронот. Гигантот од „Енфилд роуд“ е лидер со 94 бодови, два повеќе од Сити, но „граѓаните“ вечерва играат на свој терен против Лестер и со победа ќе бидат на чело на табелата, и тоа во пресрет на последното коло.

Интересно е што сите фанови на Ливерпул вечерва ќе навиваат за Лестер, каде што тренер е Брендон Роџерс. Тој е поранешен стратег на Ливерпул и човекот кој во овие три декади беше најблиску да ја донесе титулата на „Енфилд роуд“. Роџерс беше на чело на Ливерпул во 2014 година, кога беа лидери на табелата, сами си решаваа, но киксираа и останаа со празни раце. Сите се сеќаваат на трагичното лизнување на легендарниот капитен Стивен Џерард и погодокот на Демба Ба. По тој пораз, Ливерпул ја загуби трката и остана без трофејот.

Роџерс многу добро знае колку многу ја сакаат титулата во Ливерпул, а тој сега е во ситуација да се обиде да му помогне на својот поранешен клуб со тоа што треба да постави тактика со која Лестер треба да остане непоразен на гостувањето кај шампионот.

Сепак, коефициентите во Sport Life обложувалниците навестуваат дека тоа ќе биде многу тешко. Сити е голем фаворит за да биде првак, а Ливерпул може само да се надева.

 

- Оглас -

Најнови вести