26.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

На бразилскиот селектор му се подготвува отказ

Доривал Жуниор во следните неколку часа официјално би можел да биде разрешен од функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Бразил.

После тешкиот пораз од Аргентина во квалификациите за СП 2026, опадна довербата во тимот кој се мачи да обезбеди место на Мундијалот, а прв што ќе „лета“ е селекторот.

Се шпекулира дека сон на Бразилците е да го ангажираат Карло Анчелоти, а планот Б им е Португалецот Жорже Жезус кој веќе има работено во Бразил како тренер на Фламенго.

- Оглас -

Најнови вести