Неполни четири минути фуриозна игра им беа доволни на хокеарите на Тампа беј лајтнинг да го нокаутираат Далас во вториот меч од финалната серија за пехарот во Стенли купот и да израмнат на 1:1.
Брендан Поинт прв погоди во 12-тата минута за предност на Грмотевиците, а по него мрежата на Старс ја погодија и Андреј Палат во 15-тата минута и неполни 60 секунди подоцна и Кевин Шатенкирк за убедливи 3:0 по првиот период од 20 минути.
Далас, кој го доби првиот меч од финалната серија со 4:1, успеа само да намали на 2:3 со головите на Павелски и на Јанмарк, а на популарните Ѕвезди од Западната конференција не им помогна ниту ВАР-системот.
Тампа постигна и четврти гол на десет минути до крајот на вториот меч од серијата до 4 победи за пехарот во Стенли купот, но не беше признат по реакцијата на поразениот тим.