39.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

На Дејтона 500 се судрија 21 автомобил (Видео)

На НАСКАР трката Дејтона 500 се случи голем верижен судар во којшто учествуваа дури 21 автомобил. Пол Менард го удри Мет ди Бенедето и така почна хаосот на патеката, па сите што доаѓаа од позади немаа време да закочат и се удираа во колите пред себе.

По оштетувањата на 21 тркачки автомобил, на целта стигнаа само 14. На крајот на оваа бозарна трка, меѓу 14-те кои издржаа до крај победи Дени Хемлин. Поради двата верижни судари, трката е прекинувана двапати по 40 минути.

Менард е прогласен за виновник кој го удри Ди Бенедето, тој заврши во ѕидот и така почна верижниот судар во кој гореа и летаа делови од автомобилите, па вистинско чудо и среќна околност е што нема повредени во овој инцидент.

https://www.youtube.com/watch?v=O5TALE4Oqlc

- Оглас -

Најнови вести