На денешен ден пред 24 години се одигра најпознатото судиско продолжение во историјата на фудбалот (Видео+Фото)

Дваесет и шести мај 1999 година е датум кој засекогаш ќе се памети во историјата на фудбалот. На „Камп ноу“ во Барселона се играше финалето на Лигата на шампионите помеѓу Баерн Минхен и Манчестер јунајтед. Баварците имаа водство уште од шестата минута со погодокот на Марио Баслер.

Кога сите очекуваа дека Баерн ќе го освои трофејот, а на пехарот започнаа да ги ставаат машничките со боите на Баварците, следуваше луд пресврт на Манчестер јунајтед. Најпрво Теди Шерингам израмни на 1-1 во првата минута од судиското продолжение на времето, а Оле Гунар Солскјер во третата минута стрелаше за комплетен пресврт и трофеј на Јунајтед.

https://twitter.com/ChampionsLeague/status/1529703880979783680?s=20

„На неколку минути пред крајот видов дека веќе почнаа да ставаат ленти во боите на Баерн на пехарот. Никогаш претходно не сум бил нервозен во кариерата, дури и за време на големите натпревари, но морам да признаам дека таа вечер постојано чувствував пеперутки во стомакот. Ферги ни кажа пред натпреварот дека не сакаме да поминеме покрај тој пехар по натпреварот знаејќи дека не сме го освоиле. Кога ги видов како ги ставаат лентите на пехарот, точно знаев дека сè уште не е готово. Не само јас, туку и моите соиграчи“, ќе се потсети легендарниот Дејвид Бекам на тоа незаборавно финале.

https://twitter.com/ChampionsLeague/status/1529759398939222016?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1529759398939222016%7Ctwgr%5E2c249c152648fd66ab9a7facbf95bcdee0be9fa5%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fstavljali-su-bayernove-trakice-na-pehar-a-onda-se-dogodilo-cudo-u-barceloni%2F2466533.aspx

- Оглас -

Најнови вести