23.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

На „Џузепе Меаца“ нема голови по првото полувреме, а тоа го радува Интер

Интер и Милан играат без голови по првото полувреме на „Џузепе Меаца“ во реванш-дуелот од полуфиналето во Лигата на шампионите. Овој резултат секако е во корист на Нераѕурите, кои во првиот меч победија со 2:0 и тоа засега им е доволно за да бидат први финалисти во елитното натпреварување на УЕФА.

За Милан останува уште едно полувреме да се обиде да ја анулира негативата од два гола, но ако Росонерите не сменат ништо во второто полувреме, нивното „патување“ во ЛШ тука ќе заврши.

По првиот дел во реваншот, двете екипи имаа шанси за погодок, но мрежите мируваа.

- Оглас -

Најнови вести