На Динамо му треба ваков мајстор во мечот на деценијата (Видео)

Антонио Марин постигна прекрасен еврогол од слободен удар со кој младинците на Динамо Загреб ги победија врсниците од Манчестер сити и се пласираа во следната фаза во Лигата на шампионите за играчи до 19 години.

За Динамо Загреб ова е убав поттик дека ништо во фудбалот не е невозможно, па и уште еднаш да се победи богатиот англиски шампион вечерва на „Максимир“ во дуелот на сениорските екипи.

Сигурно ќе им треба некаква искра или велемајсторски потег како тој на големиот талент од младинскиот погон, Антонио Марин.

Со победа Динамо Загреб сигурно ќе презими во Европа, а дали во таков случај популарните Модри ќе играат во Лигата на шампионитр или во Лигата на Европа, ќе зависи од исходот на мечот меѓу Шахтар и Аталанта. На Динамо му одговараат пораз или реми на Украинците за со победа против веќе пласираниот Сити да си обезбеди нокаут-фаза во ЛШ.

Погледнете го голот на младиот Марин, кој ги згреа срцата на навивачите на Динамо и им влева надеж дека и вечерва, од 18.55 часот ќе се најде нов фудбалски велемајстор(и) за голема победа против сениорскиот состав на Манчестер сити.

Dinamo Zagreb U19 1-0 Manchester City U19 – Antonio Marin (free-kick) 20′ from soccer

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести